Достапни линкови

logo-print

Битола го има најмладиот и најголем колекционер на носии


Битола

Битола

23 годишнишниот Александар Тодоровски од Битола ја поседува најголемата збирка на народни носии во регионот. Непроценливо етнолошко богатство кое го покажува македонскиот идентитет, култура, традиција...

Младиот етнолог и фолклорист Александар Тодоровски од Битола има само 23 години, а веќе ја поседува најголемата збирка со народни носии во градот. Започнал да ги собира уште кога имал 14 години. Досега располага со 1500 парчиња од стари носии, од кои 300 комплети и уште 500 старини кои допрва ќе ги евидентира во неговата архива. Тодоровски раскажува дека како дете не ни сонувал оти ќе биде колекционер на носии. Но, пресудна била посетата на селото Врањевци, од кое потекнуваат неговите предци, а го затекнал разрушено.

,,РЕК Битола го ископа селото, а јас сакав да видам каде се наоѓало и дали има некакви остатоци од него. Шетајќи забележав некои распаднати куќи, во една од нив најдов и предмети од народна носија, кои навистина ми се допаднаа. За мене тоа беше нешто ново. Дотогаш немав видено оригинална народна носија и така ги зедов. Ги покажав дома на баба ми и на други баби од комшиите, кои ми
Може да се најде крстот во сите носии. Скоро и да нема кошула, која во својот состав го нема крстот. Без разлика дали тој ќе биде директен или во некоја изведена форма, бидејќи во тоа време Македонија била под турско ропство и крстот бил забрануван
рекоа дека таа кошула е само една од други 40 кои се везеле во исто време, кои една жена требала да ги има."

вели најмладиот битолски колекционер на носии. Така започнала неговата потрага по стара македонска облека. Собирајќи ги ракотворбите забележал дека нашиот народ не го цени многу ова етнолошко богатство. Некои носии ги добил на подарок кога луѓето ги ослободувале домовите од старудиите, а други ги купувал. По својата оригиналност многу од нив можат да достигнат висока цена. Тодоровски открил дека нема носија која во себе не го содржи симболот на македонската вера-крстот.

,,Може да се најде крстот во сите носии. Скоро и да нема кошула, како главен дел од носијата, која во својот состав го нема крстот. Без разлика дали тој ќе биде директен или во некоја изведена форма, бидејќи во тоа време Македонија била под турско ропство и крстот бил забрануван. Треба вешто да се прегледа носијата за да се открие каде е. Но, најчесто се изведувал на ракавите од кошулата или на долниот вез околникот."
вели Тодоровски.
Носиите што ги собрал се стари повеќе од еден век, а за нив интерес пројави и црквата.

,,Денес кога сме нападнати и се бара од нас да се одземи идентитетот, не можеме да го одбраниме поинаку освен со дела. Ова се факти кои говорат дека еден од најбогатите народи по ракотворби на балканскиот простор и пошироко е токму македонскиот народ."

рече владиката Петар кој ја отвори првата изложба на Тодоровски, воедно единствена во градот со народни носии.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG