Достапни линкови

Сменет директорот на Агенцијата за разузнавање


Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов го разреши Виктор Димовски од функцијата директор на Агенцијата за разузнавање, а на негово место го именуваше Александар Боцинов., соопшти кабинетот на шефот на државата. Димовски беше прв човек на Агенцијата од септември 2007. Беше именуван од поранешниот претседател Бранко Црвенковски како наследник на дотогашниот директор Кире Наумов кој поднесе оставка на функцијата. Димовски на десетиот вонреден конгрес на СДСМ, што се одржа викендот во Охрид стана член на Централниот одбор на партијата.
XS
SM
MD
LG