Достапни линкови

Име: Разумен компромис и(ли) двојна формула?


Претседателот Ѓорге Иванов

Претседателот Ѓорге Иванов

Од Кабинетот на претседателот Иванов не објаснуваат дали разумниот компромис за името значи напуштање на двојната формула. За експертите, новоизбраните структури немаат јасни позиции

Од Кабинетот на претседателот Ѓорги Иванов изјавуваат дека во соработка со сите институции на државата, работат врз дефинирање на позициите со кои ке настапиме пред медијаторот Метју Нимиц, кој според најавите во земјава треба да пристигне во текот на летото.

,,Во координација сме со специјалниот претставник за разговорите околу името, како и со претставниците на другите институции ќе
Континуирано сите институции во државата работат за постигнување на решение кое што е прифатливо за нашите национални интереси
изградиме стратегија со која што ќе настапиме пред Нимиц, а инаку дали се подготвува терен, континуирано сите институции во државата работат за постигнување на решение кое што е прифатливо за нашите национални интереси."

Љубен Тевдовски портпарол на претседателскиот кабинет не навлегува во коментар дали разумниот компромис за кој се залага Иванов претствуваа позиција која е иста со онаа на опозициската СДСМ за напуштање на двојната формула, односно едно име за дома, друго за надвор. Денко Малевски професор на Правниот факултет во Скопје смета дека новоизбраните структури сеуште немаат конкретни позиции како ќе настапуваат во преговорите и отвораат многу дилеми кои претходно беа отворени:

,,Сеуште не се на чисто овие новоизбрани структури, како сега во преговорите ќе настапуваат, така што отвараат многу дилеми. Всушност од самиот почеток проблемот е околу меѓународното име какво ќе биде, и тука треба да се работи на компромисот. Се додека тоа јасно не го кажат ќе не оставаат нас граѓаните во дилема за што всушност зборуваат."

Аналитичарот Мерсал Биљали забележува дека со тоа што власта ја напушта двојната формула што ја застапуваше во изборната
Од самиот почеток проблемот е околу меѓународното име какво ќе биде и тука треба да се работи на компромисот. Се додека тоа јасно не го кажат ќе не оставаат нас граѓаните во дилема
камапања и со форсиарњето на разумниот компромис, доаѓа на позиција која претствува надополнување на позицијата што ја застапува СДСМ:

,,Во СДСМ велат дека двојната формула е истрошена работа и дека практично не е функционална. Разумниот компромис е практично надополнување на тоа што СДСМ го кажува."

Според впечатокот на Билјали власта подготвува терен за меѓународна промена на името, но Малевски оценува дека дури и да сака власта не е во состојба тоа да го направи, барем не во скоро време зошто треба да се изгарди единство на сите политички фактори, таквиот став да помине низ парламентот и евентуално на референдум:

,,Тоа е една многу долга и сложена операција, од која што бегаат сите оние што се на власт да го остварат и затоа се употребуваат овие разни термини, разумен компромис или такви некои слични што не кажуваат многу што."

вели Малески.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG