Достапни линкови

Политички митингзи во Иран


Илјадници политички активисти се собраа на улиците на Техеран во Иран, во пресрет на претстојните претседателски избори во земјата кои ќе се одржат на 12 овој месец. Активистите се поделени на две поголеми групи. Едната група го подржува актуелниот претседател Махмуд Ахмадинејџад, кој се кандидира за втор претседателски мандат, а другата го подржува противкандидатот на актуелниот претседател, Мир Хоусеин Мусави. Подржувачите на Ахмадинејџад ја наполнија најголемата сала за молитви во Техеран, додека симпатизерите на Мусави ја блокираа најголемата улица во Техеран.
XS
SM
MD
LG