Достапни линкови

Може ли владата да помогне за справување со кризата?


Фабрика
Фабрика

Од владата изјавуваат дека неможат да им ја надоместат загубата на домашните компании поради економската криза. Компаниите пак велат дека постојат начини за да им се помогне и предлагаат владини бенефиции за струја или транспорт.

Ниедна влада, на своите компании, не може да им ја надомести загубата поради намалената побарувачка од странство, вели министерот за финансии Трајко Славески.

,,Не планираме одредена интервенција во одделни компании затоа што немаме инструмент за надоместување на загубената побарувачка."

Славески вели дека економската криза доведе до колапс на побарувачката на производи, во одредени сектори, на одреден временски
Не планираме одредена интервенција во одделни компании затоа што немаме инструмент за надоместување на загубената побарувачка
период, но сега почнуваат да се опоравуваат.

,,Владата на Македонија, ќе ја доведам работата во апсурд, сигурно не би добила поддршка од своите граѓани, од своите даночни обврзници, да набавува челик и други метални производи и да ги складира некаде, да ги чува, или пак да ги распределува по домаќинствата."

Директорот на Макстил Александар Панов вели дека еден од начините да им се помогне е Владата да ги вклучи во домашниот електроенергетски систем, зашто во случајов, од странство, купуваат многу поскапа струја од домашната.

,,Друго исто така може да помогне во делот на транспортот, каде што ние сме зависни практично од железничкиот транспорт 80 отсто од нашиот бизнис, затоа што станува збор за голем бизнис и плаќаме за километар сигурно далеку поскапо отколку во соседните земји."

Економистот Ден Дончев вели дека Владата не може да преземе мерки кои би допринеле за зголемување на извозот или намалување на
Може да помогне во делот на транспортот, бидејќи ние сме зависни практично од железничкиот транспорт
увозот, на краток рок. Тој смета дека дефицитот во трговската размена е резултат на неодговорна фискална и монетарна политика, во изминативе три години. Вкупните буџетски расходи се зголемија за повеќе од една милијарда евра, а паричната маса се зголеми за повеќе од 50 насто, во изминативе три години, вели Дончев.

,,Премногу денари се во оптек и во недостаток од домашно производство во домашната економија, единствен начин да се задоволат тие денари е преку зголемениот увоз и тоа практично беше резултат изминативе три години каде што трговскиот дефицит се зголеми од 1,3 милијарди долари во 2006 година, на 2,6 милијарди долари во 2008 година и очигледно е дека трендот ќе продолжи и оваа година."

Според податоците на Заводот за статистика минусот во трговската размена со странство, од јануари до април годинава, е околу 830 милиони долари. Претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески, по вчерашната седницата на Управниот одбор на Комората, на кој присуствуваше и Претседателот Ѓорге Иванов, рече дека мора да се размислува за мерки, што ќе значат насочување на енергијата кон определни сектори, а можеби и кон определни компании. Само на таков начин ќе се вклопиме во општите тенденции за зачувување на фирмите и работните места, оцени Азески.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG