Достапни линкови

Во Белград состанок на началниците на ГШ на земјите од Балканот


На денешната конференција на началниците на Генералштабовите на балканските земји што се одржува во Белград министерот за одбрана на Србија Драган Шутановац изјави дека треба да се хармонизираат различните политички гледишта на актуелните ризици и закани за регионот со цел да дојде до негово стабилизирање. Според него, еден од клучните фактори на дестабилизација е нерешеното прашање за статусот на Косово. На конференцијата учествуваат началниците на Генералштабовите на армиите на Македонија, Албанија, Босна, Бугарија, Црна Гора, Грција, Романија и Турција, како и претсваници на НАТО и Европската унија.
XS
SM
MD
LG