Достапни линкови

Подобрена безбедносната состојба во Ирак


Генералниот секретар на Обединетите нации Бан ки Мун оцени дека безбедноста во Ирак во текот на изминатата година значително била подобрена. Сепак, како што наведува во новиот извештај до Советот за безбедност, во Ирак и натаму закана претставуваат милитантните групи кои се обидуваат да предизвикаат верско насилство. Бан исто така ја наведува намерата на ирачките безбедносни сили да ги преземат задачите од сојузничките сили кои се подготвуваат да ја напуштат земјата до крајот на идната година.

XS
SM
MD
LG