Достапни линкови

УНМИК се реконфигурира


Новиот буџет на УНМИК предвидува во Косово да останат 507 членови на мисијата, изјави портпаролот Александар Иванко. УНМИК од минатата година е во процес на реконфигурација, а новиот буџет, утврден од Генералното собрание, предвидува присуство на 507 лица. Оваа бројка го опфаќа меѓународниот и локалниот персонал во Косово, како и канцелариите во Белград и Скопје, рече Иванко за косовското радио. На почетокот од мандатот, мисијата на ОН броеше 5.000 лица.
XS
SM
MD
LG