Достапни линкови

Испразнетите амбасади и натаму без амбасадори


Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски
Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски

Испразнентите дипломатско конзуларни претставништва на Македонија остануваат без амбасадори. Од кабинетот на претседателот најавуваат дека идните амбасадори ќе бидат комбинација од професионални дипломати, универзитестки професори но и луѓе кои има големи влијание во општеството

Испразнетите дипломатско конзуларни преставништва ќе останат уште одреден период без амбсадори. Листата со дипломати кои во иднина ќе ја преставуваат земјава во светот полека се пополнува и според извори од МНР и од кабинетот на претседателот, процес на
Земјата домаќин ќе гледа на нас како на несериозна држава, која не е способна да води сметка за своите интереси. Со ваков однос кон нејзините дипломатско конзуларни претставништва, покажува дека ние сме држава која нема меѓународна позиција
назначување би требало да заврши до Септември. Единстевно што засега е сигурно дека диплоамтите од кариера Петар Јовановски и Пајо Авировиќ се идните амбасадори во Индија и Израел а се поизвевесно е дека амбасадите во Хаг и Берн први бидат поплнети. Многу наскоро во Холандија ќе замине екс преговарачот за името и ко-застапник во тужбата против Грција пред меѓународниот суд за правда Никола Димитров додека во амбасадорската фотеља во Швецарија ќе седне Агрон Буџаку од ДУИ. Според извори од кабинетот на шефот на државата составот на новите амбасадори ќе биде комбинација од професионални дипломати, универзитестки професори но и луѓе кои има големи влијание во општеството. За екс министерот за надворешни работи Слободан Чашуле ваквиот однос кон земјата домаќин е несериозен со што се става под знак прашање билатералните односи:

,,Земјата домаќин ќе гледа на нас како на несериозна држава, која не е способна да води сметка за своите интереси. Со ваков однос кон нејзините дипломатско конзуларни претставништва, покажува дека ние сме држава која нема меѓународна позиција,"

оценува поранешниот министер за надворешни работи слободан чашуле

Македонија веќе подолг период нема амбсадори во Бугарија и Косово. Иако минатата година Скопје го призна Косово, сепак поради се уште невоспоставените дипломатски односи со овој сосед земјава се уште нема номинирано амбасадор. До пред неполн месец
Луѓе кои во јавноста се афирмирале и кои на некој начин можат да ја претставуваат и ќе имаат поголема тежина надвор
Македонија немаше ниту амбсадор во Србија. Ситуацијата не е најсјајна и со дипломатското преставништво во Атина каде и натаму амбасадорува Благој Ханџиски на кому одамна му е истечен мандатот но по барање на МНР истиот му беше продолжен.

,,Има еден институционален дисконтиутет, мешање на професионалниот и политичкиот момент."
,,Луѓе кои во јавноста се афирмирале и кои на некој начин можат да ја претставуваат и ќе имаат поголема тежина надвор,"

велат Луан Старова поанешен амбасадор и Мирјана Малевски универзитестки професор.

За време на мандатот на претседателот Црвенковски македонска дипоматска мрежа ја трсеа скандали. Поради тоа. Амбсадорите беа отповикувани, задржувани со месеци на консулатации. Но имаше и случаи кога на ниминираните диплоамти не им беа издавани агремани од земјите домаќини.
XS
SM
MD
LG