Достапни линкови

Кина сака да контролира персонални компјутери ?


Весникот „Њујорк Тајмс“ пишува дека Кинеските власти бараат вградување на посебни филтри во сите персонални компјутери кои ќе се продаваат во земјата од јули годинава. Филтрите, софтверски апликации на кинеските персонални компјутери, би му го блокирале пристапот на корисникот до порнографски интернет страници и други видови на „нездрави содржини“. Портпарол од „Хјулит Пакард“, американски производител на компјутери кој бележи најголема продажба во Кина, потврди дека претставници на компанијата разговараат со кинеските власти „и го евалуираат најдобриот начин за пристап кон ова прашање“.
XS
SM
MD
LG