Достапни линкови

Франција ќе ги подржи ЕУ аспирациите на Косово


Францускиот Претседател Николас Саркози ќе ја подржи кандидатурата на Косово за членство во Европската Унија. Неименуван службеник од кабинетот на Саркози изјави дека францускиот Претседател го уверил премиерот на Косово Хашим Тачи дека ќе ги подржи ЕУ аспирациите на новоформираната држава, додавајки дека независноста на Косово е неповратен процес. Според неофицијални извори, Саркози, на средбата со Тачи во Париз, побарал од Косово да вложи напори за мирни односи со Србија.
XS
SM
MD
LG