Достапни линкови

Подршка на операциите на САД во Киргизстан ?


Владин службеник на Киргизстан изјави дека претседателот Курманбек Бакиев ќе се сретне со Претседателот на Авганистан идната недела на разговор за подршка на операциите на САД во Киргизстан. Владини извори потврдија дека претседателот на Киргизстан добил писмо од авганистанскиот Претседател Хамид Карзаи во кое се наведува дека во иднонеделните доверливи разговори треба да се дискутира и за американската база во Манас. Киргизстанските власти им поставија рок на американските воени сили да ја напуштат базата во Манас до 18 август годинава.
XS
SM
MD
LG