Достапни линкови

Авио индустријата ќе претрпи загуби


Воздухопловната индустрија ќе претрпи загуби во висина од 9 милијарди американски долари во текот на годинава, соопшти Асоцијацијата за воздушен транспорт. Џовани Бисигнани, директор на меѓународната група за воздухопловство изјави дека приливите во воздухопловната индустрија годинава ќе се намалат за 15 проценти бидејки луѓето помалку патуваат поради светската економска криза. Во Асоцијацијата за воздушен транспорт членуваат 230 авиокомпании кои сочинуваат 90 отсто од вкупниот воздушен сообраќај.
XS
SM
MD
LG