Достапни линкови

Руска партија победи на локалните и евро изборите во Летонија


Политичка партија со доминантно руско членство победи на локалните избори во Летонија обезбеди и мнозинство гласови на европарламентарните избори. Централната изборна комисија соопшти дека согласно првичните резултати левоориентираните Хармони Центар добиле една третина од гласовите во Рига, главниот град на земјата. На Евро изборите левоориентираната партија доби две од осумте места на Летонија во Европскиот Парламент. Една третина од 2,3 милиони жители во оваа земја се од руско потекло. Приближно 350,000 лица во Летонија немаат право на глас бидејки се водат како странци.
XS
SM
MD
LG