Достапни линкови

Зголемен бројот на настрадани од опожарената градинка во Мексико


Владин службеник потврди дека бројот на настрадани деца во пожарот во градинката во Сонора се искачил на 42 деца. Даниел Карам, претставник на Мексиканската администрација за социјална политика, изјави дека 33 лица се хоспитализирани со повреди од пожарот. Детската градинка, која се запали во петокот немала систем за гаснење на пожар ниту пак противпожарен аларм а во функција бил само еден противпожарен излез. Но и покрај тоа, зградата поминала на инспекција за безбедност во мај годинава.
XS
SM
MD
LG