Достапни линкови

Пронајдени 17 тела од авионот на Ер Франс


Војската на Бразил соопшти дека се пронајдени 17 тела од авионот на Ер Франс кој се сруши во Атлански Океан минатата недела. Телата се пронајдени на 1200 километри североисточно од бразилскиот брег. Продолжува потрагата по црните кутии и преостанатите патници и членови на екипажот. До сега се пронајдени 22 тела, делови од авионот и дел од багажот на патниците.
XS
SM
MD
LG