Достапни линкови

Консолидирана опозиција закана за власта?


Премиерот Груевски и владините министри
Премиерот Груевски и владините министри
Власта е загрижена од евентуално групирање на опозицијата, коментираат дел од партиите во опозиција и експертите. Тие во изјавата на премиерот дека постои неформална коалиција на партите од опозицијата препознаваат страв на власта од окрупнување на опозициониот блок.Претседателот на Обединети за Македонија, Љубе Бошковски вели дека премиерот Никола Груевски е загрижен за неговата политичка кариера и затоа дава такви изјави за опозицијата. Бошковски негира дека е во коалиција со која било партија.
Сметам дека евентуалниот процес на консолидирање, на опозицијата ќе има позитивен ефект врз демократскиот развој на земјата, особено поради фактот дека што не само кај нас туку и во Европа, левицата е во своевидна криза


,,Мој коалициски партнер, но без Никола Груевски и ова раководство, може да биде членството на ВМРО ДПМНЕ. Тоа што Груевски е загрижен за неговата веројатно политичка кариера, јас неможам тоа поинаку да го разберам, сигурно дека треба да биде загрижен, но дека јас сум во некакви формали или неформални коалиции со било која политичка партија, или со СДСМ, тоа се најобични шпекулации."

Професорот Јетон Шасивари смета дека консолидирање на опозицијата позитивно ќе влијае на политичката сцена.

,,Сметам дека евентуалниот процес на консолидирање, на опозицијата ќе има позитивен ефект врз демократскиот развој на земјата, особено поради фактот дека што не само кај нас туку и во Европа, левицата е во своевидна криза, што го покажуваат и последните европски избори."

Премерот Никола Груевски претходно изјави дека веќе постои неформална коалаиција меѓу СДСМ, ВМРО-НП, Обединети за Македонија и ДПА. Груевски смета дека претставници на овие партии се состануваат и се координираат, но незнае дали партиите ќе ја официјализират својата соработка. Според премиерот, се зависело од Бранко Црвенковски.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG