Достапни линкови

Ахмадинеџад обвинет дека лаже


Иранскиот претседателски кандидат Мир-Хосеин Мусави го обвини претседателот Махмуд Ахмадинеџад дека го лажел народот за економската состојба во земјата. Во телевизиска дебата, во саботата, Ахмадинеџад рекол дека стапката на инфлација е 15 насто. Мусави покажал извештај на иранската централна банка што покажува дека инфлацијата била 25,4 проценти. Мусави му е главен противник на актуелниот ирански претседател Ахмадинеџад на претстојните претседателски избори.
XS
SM
MD
LG