Достапни линкови

Пронајден римски храм во Стоби


Во археолошкиот локалитет Стоби пронајден e храм на едно од многуте римски божества. „Не знаеме на која божица и бил заштитник, но очекуваме и тоа да го разјасниме“ изјави директорката на Националната установа „Стоби“ Силвана Блажевска. Во археолошкиот локалитет посебно интензивно се истражува доцниот шести век од нашата ера што е крајот на животот во Стоби, а што досега многу малку бил истражуван. „Целта ни е да откриеме зошто замрел животот во Стоби, дали тоа бил големиот земјотрес или доаѓањето на многу варварски и други племиња. Веќе го откривме целото урбано јадро на градот, се отвораат улици, куќи од овој период, кои се наоѓаат веднаш над епископската базилика“ посочи Блажевска.
XS
SM
MD
LG