Достапни линкови

Турски воени авиони бомбардираат позиции на курдски бунтовници


Турски воени авиони доцна синоќа бомбардирале позиции на курдски бунтовници во Северен Ирак, соопштија денеска турски воени извори. Неколку воени авиони ја извршиле операцијата, откако бунтовници од Курдската работничка партија (ПКК) биле лоцирани на ирачка територија, во близина на турската граница. Изворите посочија дека турската артилерија започнала да бомбардира бази на ПКК во Северен Ирак, а денеска бомбардирањето продолжува.
XS
SM
MD
LG