Достапни линкови

logo-print

Пронајдени уште три тела од авионот на Ер Франс


Бразилската морнарица соопшти дека пронашла уште три тела од авионот на „Ер Франс“ кој во понеделникот се урна во Атлански Океан. До сега се пронајдени пет тела, делови од авионот како и багаж на патниците од авионот „Ер Бас А330“ на француската авиокомпанија. Во меѓувреме, повеќе бродови, нуклеарна подморница, 9 бразилски, 3 француски и 1 американски авион пребаруваат 200,000 квадратни километри од Атлантикот во потрага по преостанатите 223 патници и членови на екипажот а се трага и по црните кутии од леталото.
XS
SM
MD
LG