Достапни линкови

logo-print

Ирачките власти притворија американски државјани


Ирачките власти соопштија дека притвориле петмина американски градежни работници, поради сомнеж за нивна поврзаност со смртта на нивен сонародник кој работел како градежник во Багдад. Телото на Јим Китерман, сопственик на градежна фирма во Багдад беше пронајдено минатиот месец. Портпарол на Американската амбасада во Ирак изјави дека за сега не се покренати обвиненија против петорицата притворени американци. Постои можност тие да станат првите американски државјани кои ќе бидат обвинети во Ирак, откако билатерален договор за безбедност помеѓу Ирак и Америка стапи на сила во јануари годинава.
XS
SM
MD
LG