Достапни линкови

Македонските туристички цени превисоки?


Охридско езеро
Охридско езеро

Според македонските експерти по туризам под влијание на светската криза светските хотелиери ги намалуваат цените, а со тоа македонските туристички центри стануваат прескапи и неконкурентни.

Во Македонија допрва ќе се почувствуваат ефектите од светската економска криза, посебно во сферата на туризмот. Сметаат експертите по туризам, кои апелираат туристичкото стопанство подготвено да ги дочекаат влијанијата на кризата, со снижување на
Мислам недопустливо е цените во Црна Гора, Грција, Хрватска и светот, да се намалуваат од 30 до 50 проценти, а кај нас во туризмот да се држат истите цени. По мене треба да се намалат цените и во хотелите и во рестораните,зошто Охрид е убедливо најскап град
цените на услугите, за да се намалат штетните ефекти од кризата и да се избегне колабс на туристичкиот промет. Според професорите по туризам и градската власт во Охрид, кај нас цените на сместувањето и угостителските услуги се превисоки и неконкурентни, што посебно може да не направи непривлечни како туристичка дестинација во време на кризата, кога со поефтини аранжмани и услуги туристичките места во регионов се поатрактивни за туристите.

,,Мислам недопустливо е цените во Црна Гора, Грција, Хрватска и светот, да се намалуваат од 30 до 50 проценти, а кај нас во туризмот да се држат истите цени. По мене треба да се намалат цените и во хотелите и во рестораните,зошто Охрид е убедливо најскап град,"

вели Александар Петрески, градоначалник на Охрид.

,,Ние подолго време веќе од теоријата зборуваме дека цените се дефинитивно превисоки, а тоа значи дека не се конкурентни за оној производ што го нуди Македонија во целина како туристичка дестинација. Да не зборуваме индивидуално. И покрај тоа што цените се во доменот на деловната политика на една туристичка компанија, без разлика дали е тоа хотел,туристичка агенција или ресторан, сепак оние кои се занимаваат или се фактори што го регулираат туризмот, мора да најдат начини индиректно да влијаат врз намалување на цените."

вели Јован Стојаноски, професор и продекан на Факултетот за туризам во Охрид.
Ние подолго време веќе од теоријата зборуваме дека цените се дефинитивно превисоки, а тоа значи дека не се конкурентни за оној производ што го нуди Македонија во целина како туристичка дестинација.


Со намалување на цените на туристичките аранжмани за 30 проценти, соседна Грција е привлечна за патување дури и за туристите од Македонија, кои таму во претсезоната летуваат за 50-тина евра 7 дена. Сепак и таму поради кризата има намалување на бројот на гостите и нивниот одмор, посебно поради високите транспортни трошоци за оние кои доаѓаат од далеку.

,,Како и во секоја туристичка дестинација и во Грција веќе се чувствуваат проблемите со кризата. Туристичкиот промет е намален од 10 до 15 проценти, особено на популарните дестинации Халкидики, Крит и Родос, но се очекува овој негативен тренд да се ублажи со поголемо користење на "ласт минит" аранжманите,"

вели Фотис Килипирис, професор на универзитетот во Солун.

Кај нас туристичките работници сеуште не размислуваат за намалување на цените во овој сектор доколку државата не го намали ддв-то за ноќевањата и цените на угостителските услуго. За влијанијата на светската економска криза врз туризмот во Охрид деновиве расправаа 100-тина реномирани експерти од 16 држави во Европа и САД на 10-тата јубилејна научна конференција на Охридскиот факултет за туризам.
XS
SM
MD
LG