Достапни линкови

Како малите фирми ќе ја преживеат кризата?


Продавница
Продавница

Малите и средни претпријатија бараат начин, како најлесно да ја пребродат економската криза, за да не го затворат својот бизнис..Извозот во соседните земји и иновативноста е спасот на фирмите велат експертите

Малите и средни претпријатија соочинуваат околу деведесет проценти од домашната економија. Тие се носител на економскиот развој во секоја земја. Но ни нив не ги заобиколи светската економска криза. Се разбира дека во секоја фирма кризата има одраз врз работата Но
Секоја фирма, сама по себе мора да наоѓа свои решенија. Ние како фирма се определивме да го зголемиме интензитетот на работа, обемот на работа со тоа што разликите се помали од вообичаено и буквално е време да се докажеме
секое мало или средно претпријатие само по себе треба да изнајде начин, како да ја преброди вели сопственикот на Агроунија Огнен Оровчанец.

,,Секоја фирма, сама по себе мора да наоѓа свои решенија. Ние како фирма се определивме да го зголемиме интензитетот на работа, обемот на работа со тоа што разликите се помали од вообичаено и буквално е време да се докажеме."

Големите компании се повеќе изложени на кризата отколку малите. Тие можат побрзо да направат промени во производството, но неминовно е и да претрпат удар. За да се заштитат мора да измислат нови идеи вели директорот на фондот за човечки ресурси Роман Пападимитров.

,,Значаен елемент во овие моменти е инвентивноста, значи она што може да понудат како нов производ, истражувања за нови пазари итн."

По примерот на Пападимитров спас од кризата фирмата на Оровчанец бара во производството на нови артикли, кои ќе се извезуваат во соседните земји.
Ги правиме сите дополнителни напори да создадеме конјуктурни артикли што ќе се наметнат и како извозни брендови во околината


,,Ги правиме сите дополнителни напори да создадеме конјуктурни артикли што ќе се наметнат и како извозни брендови во околината. Ние со сигурност ќе поминеме побезболно од други фирми, бидејќи имаме наши артикли."

И државата треба да им помогне на фирмите, како што тоа го прават другите земји вели Пападимитров.

,,Пресудна е улогата на државата. Таа создава услови, како на пример последната мерка за обезбедување кредити или со некои повластици, стимулации, олеснувања итн. По мене, главен и пресуден фактор е она што може да го понуди државата."

Стопанската комора на Македонија до владата достави мерки за намалување на ефектите од кризата кои се состоеа во потикнување на инвестициите и стоковната размена. Во малите и средни бизниси работат околу осумдесет проценти од вработените во земјава.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG