Достапни линкови

Љубе Бошковски, претседател на Обединети за Македонија


Љубе Бошковски

Љубе Бошковски

Г-дине Бошковски, имаше и други обиди да се надмине ,,црно-белиот" свет, па немаа многу успех. Зошто мислите дека сега е дојдено времето да се случи такво нешто?

Мислам и сум сигурен дека на оваа политичка сцена не се враќам како рефлексија, како одговор или како револтиран политичар. На македонската политичка сцена се враќам затоа што тоа од мене го бараат граѓаните на Република Македонија и тоа најголемиот дел на граѓаните на Македонија. Јас мислам дека е изгубена вербата во политиката и во политичарите во Македонија. Тоа се случува сега, и граѓаните на Македонија во средбите што ги имаме секојдневно во овие 11 полни месеци, движење низ државата, тие го покажуваат тоа најтранспарентно не кои помалку транспарентно, а некои со феноменот на шепотењето кое е вратено на македонската политичка сцена, од типот: И ние сме со тебе, но не смееме тоа да го кажеме јавно, за да не се слушне. Мислам дека времето е вистинско време, три години имаме влада на г-динот Никола Груевски која граѓаните на Македонија, сеуште ги држи рефлексијата од ветувањата на Програмата ,, 100 чекори" и затоа гледаме сеуште некаков рејтинг, надеж кај граѓаните, кај еден голем дел од нив, но таа надеж од ден на ден се топи, гледаме повеќе апатични луѓе, загрижени за својата иднина, загрижени за иднината на своите деца. Во Македонија е доведено прашањето на секојдневието.
Ljube Boskovski

Што уште ве разочара во вашата довчерашна партија ВМРО ДПМНЕ?

Јас не сум разочаран од членството на мојата партија. Јас не сум задоволен од начинот на кој што се водеше мојата довчерашна партија ВМРО ДПМНЕ. Јас веќе немам ниту право да го критикувам раководството на партијата, но имам право да потсетам дека ниту еден член од раководството на ВМРО ДПМНЕ, со исклучок на двајца-тројца кои што ги земаа како ,,фикуси" во врвот на партијата, како украсни фигури, со кои божем влечат континуитет на ВМРО ДПМНЕ, се друго се луѓе кои што доаѓаат од друга партија,кои се директно пратени како ,,помош" од СДСМ, тоа е комплетното раководство на сегашната партија, односно сегашното раководство на ВМРО ДПМНЕ се исклучиво луѓе на СДСМ, освен Никола Груевски кој дојде од Демократската Алтернатива. Сигурно дека ВМРО останува во мене длабоко врежано, тоа е мојата идеолошка матрица, тоа е проблемот со кој ние треба еднаш за секогаш да ги заштитиме, четирите свети букви, и да престанат оние кои што ниту еден миг не робувале за идеите и идеалите на ВМРО, да ни држат лекции, и тоа од говорници и тоа да се закануваат кон сите оние, кои поинаку ќе мислат и замислете во 21 век, зборот е грев за некои кои веројатно нивната идеолошка матрица е поинаква од онаа ВМРО-вската. Затоа јас верувам во членството на ВРО ДПМНЕ и мислам дека природно тие ќе си се определат таму каде што им е местото, без оглед на посебно нагласувањето дека јас сум вршел притосок да доаѓаат кај мене. Јас на никого, еве јавно кажувам, не сум вршел притисок. Љубе Бошковски, нема таква сила, ниту финансиска, ниту медиумска, ниту на било кој друг начин да јас вршам притисок, но стравот е очигледно префрлен и во врвот на ВМРО ДПМНЕ. Јас тука ќе се потрудам со тоа што ќе помогнам, поскоро да дојде вистинската опција на власт.

Љубе Бошковски при пристигнувањето од Хаг и премиерот Никола Груевски
Но, можно ли е да има нешто лично во ова што го зборувате. Имено премиерот Ве пречека на Скопскиот Аеродром кога дојдовте од Хаг по ослободителната пресуда, но веднаш потоа уште истиот ден како да се забележа дистанцата?

Тоа прашање треба да му го поставите на Никола Груевски, јас ниту го повикав на Аеродромот да ме дочека, ниту го очекував дека ќе ме дочека. Значи тука се гледа личноста за која зборуваме. Јас таму да ме дочекаше било кој преполн со емоции, после четири години ја бакнувам светата македонска земја, јас ќе го прегрнев со истата таа љубов како и сите други граѓани кои што ме дочекаа и со кои се прегрнав на Скопскиот Ааеродром. Дали тука има нешто лично? Од моја страна нема ништо лично, овде треба да престанеме да бидеме суетни. Треба да престанат политичарите во оваа држава, да ја почнуваат реченицата со ,,Јас Цезар" или незнам кој друг таму. Јас ги поминав тие животни амплитуди, знам што значи и да си на врвот на политичката кариера, но знам и што значи да си на дното. Проблемите со гледањето во мене, политичка конкуренција, за тоа имам разбирање, но немам разбирање за непринципиелноста кај одредени личности, за кои несакам вистина да го трошам ова интервју.

Имавте ли подоцна сепак контакти со премиерот, Ви беше ли ветено дека ќе бидете претседателски кандидат на ВМРО ДПМНЕ било кога?


Јас сум, вие многу добро знаете, бидејќи го поделив до новинарите, писмото кое што му го упатив на Груевски. Каде што јасно му кажав, во овој период направив тоа, тоа и тоа, не направив политичка партија, не излегов на локалните избори со мои листи за советници и градоначалници, единствено нешто што сакам е да и помогнам на Македонија, да ти пружам рака и тебе да ти помогнам, заедно да ја извлечеме Македонија од оваа криза, но под услови за кои ќе можам и јас да дадам сугестии и промени во начинот на владеење. Тоа очигледно на г-динот Груевски не му се допадна, него му требаат полтронизирани типови, кои што ќе му кажуваат дека е најинтелегентниот, најталентираниот, и најнадежниот политичар во државата. Јас не сум убеден дека е најталентираниот политичар, и не сум убеден дека може Македонија да ја излече од оваа криза и тоа е единствената причина, овде се изневерени сите принципи за кои ние може да разговараме. Тоа е единствената причина поради која што јас ја формирам новата политичка сила ,,Обединети за Македонија". Никакви суети, никакви личности, принципи.

Од друга страна го слушнавте веројатно коментарот од страна на г-динот Љупчо Георгиевски, вие бевте министер во неговата влада, тој рече дека за претседателските избори ќе гласа за вас, но ве нарече несериозен политичар?

Јас незнам колку е г-динот Георгиевски сериозен, и јас не навлегувам и сметам дека тоа го кажа тој во сосема поинаков контекст, потоа се правдаше и мене исто така преку телефон дека тоа му било во сосема друг контекст, а не во контекст во кој можеби вие новинарите сте го сватиле. Дека, не е сериозно во смисла дека јас ќе победам на тие претседателски избори, имајќи во предвид со каква машинерија располагаше г-динот Груевски. Јас дека сум најсериозниот политичар и најодговорниот политичар, покажав со моето робување за Македонија со кое ниту еден политичар во овој миг да се пофали и да каже дека е подготвен.

Љубе Бошковски во претседателската кампања
Не, знаете зошто ја споменав оваа подршка или неподршка од страна на Љупчо Георгиевски. Всушност за да Ве прашам на кое членство Вие се надевате сега со основањето на партијата?

Мојата идеологија и мојот отворен фронт политички е меѓу граѓаните на Република Македонија. Доколку јас како политичар успеам да им докажам дека мојата визија за сегашноста во државата, за решавање на проблемите сега кога се настанати, можам да ги решавам, имам визија за иднината на Македонија, тогаш тоа е моето гласачко тело на кое што јас се надевам. Не се надевам во некои што имаат или немаат книшки, тоа е слободно право и оние од СДСМ и од ВМРО ДПМНЕ, и од ЛДП и од сите оние 25 партии кои што членуваат во екипата на г-динот Никола Груевски, сите тие кои што веруваат дека Љубе може да ги решава проблемите и дека неговиот тим има јасна визија за решавање на проблемите со кои е соочена Македонија, не навраќајќи се кон некоја друга генерација на политичари кои евидентно ги создале проблемите со кои сме ние соочени, но веднаш сега да почнеме со решавање, затоа што многу важно е денес да се живее. И денеска е многу важно да се намали стапката на невработеност, стапката на сиромаштија, и се она со кое се соочени во реалноста луѓето кои чекорат по оваа земја.
XS
SM
MD
LG