Достапни линкови

Храброста на неколкумина може да ја промени историјата


„Има време и место кога храброста на неколкумина успеа да го промени развојот на еден цел век“ рече Претседателот Барак Обама на денешното одбележување на Денот Д во Каен Франција. Американскиот Претседател одржа говор пред илјадници воени ветерани и други присутни а на церемонијата присуствуваа и Британскиот Премиер Гордон Браун, Принцот Чарлс канадскиот Премиер Стивен Харпер и францускиот Претседател Николас Саркози.
На денешен ден пред 65 години, за време на Втората светска војна, сојзничките сили се истоварија во Нормандија каде претрпеа загуби од 215 илјади војници. По оваа инвазија започна повлекувањето на нацистичките трупи од Западна Европа а една година подоцна заврши Втората Светска Војна.
XS
SM
MD
LG