Достапни линкови

НЕ за нуклеарното оружје за Иран, ДА за мир меѓу Израел и Палестинците


Денеска од Каен Франција, американскиот Претседател Барак Обама и претседателот на Франција Николас Саркози упатија заеднички апел до Иран да не развива програма за нуклеарно оружје. Обама повтори дека за ова прашање е потребна „груба дипломатија“ со Техеран. Саркози, пак, изрази загриженост за, како што ги нарече „налудничавите изјави“ на иранскиот Претседател Махмуд Ахмадинејџад. Во врска со Израел и Палестинците, Обама посочи дека сака да види „сериозни и конструктивни разговори за мир“ меѓу нив. „Не очекувам дека 60 годишен проблем ќе се реши преку ноќ, но како што веќе имам речено, очекувам двете страни да воочат дека нивните судбини се поврзани“ рече Обама. Инаку, двајцата претседатели денеска ќе учествуваат на одбележувањето на 65 годишнината од Денот Д, кога Сојузничките сили се истоварија во Нормандија.

XS
SM
MD
LG