Достапни линкови

Обама и Саркози со апел до Иран


Американскиот Претседател Барак Обама и Претседателот на Франција Николас Саркози упатија заеднички апел до Иран да не развива програма за нуклеарно оружје. Обама повтори дека за ова прашање потребна е „груба дипломатија“ со техеран. Саркози, пак, изрази загриженост за изјавите на иранскиот претседател Махмуд Ахмадинејџад. Двајцата претседатели денеска ќе учествуваат на одбележувањето на 65 годишнината од Денот Д во Нормандија.
XS
SM
MD
LG