Достапни линкови

Русија забрани увоз на белоруски млечни производи


Руските власти соопштија дека забраниле увоз на 500 видови белоруски млечни производи. Шефот на руската санитарна инспекција Генади Онишченко во изјава за новинските агенции посочи дека Белоруските извозници не ги поднеле бараните документи и не се согласиле со новите правилници кои во Русија важат од минатата година. Забраната се случува во услови на заострени односи помеѓу двете соседни земји.
XS
SM
MD
LG