Достапни линкови

Иран произведува ракета земја воздух од смарт технологија


Иран соопшти дека започнал со производство на нова ракета од типот земја – воздух. Иранските медиуми го цитираат министерот за одбрана Мустафа Наџар кој рекол дека ракетата е со дострел од 40 километри и е со технологија да соборува авиони и хеликоптери со супер сонична брзина. Коментарот на Наџар доаѓа три дена по контрадикторните сигнали на Израел дека би можел да го бомбардира Иран поради неговата нуклеарна програма, за која се смета дека има за цел изработка на атомско оружје.
XS
SM
MD
LG