Достапни линкови

logo-print

Денеска се играат 14 квалификациски меча за Светското фудбалско првенство 2010


Вкупно четиринаест натпревари ќе се одиграат денеска во европската, односно УЕФА зоната од квалификациите за пласман на Светското првенство 2010-тата во Јужна Африка. Во групата 9, каде настапува и нашата фудбалска селекција, покрај дуелот во Скопје, меѓу Македонија и Норвешка (17:45 часот) се игра и натпреварот меѓу репрезентациите на Исланд и досега непоразената Холандија (20:45).
Табела група 9: Холандија 15 бодови (5 натпревари), Шкотска 7 (5), Исланд 4 (5) Македонија 3 (4) и Норвешка 2 (3).
Во останатите квалификациски групи се среќаваат:
Група 1 - Шведска - Данска и Албанија - Португалија.
Група 3 - Словачка - Сан Марино.
Група 4 - Азербејџан - Велс и Финска - Лихтенштајн
Група 6 - Казахстан - Англија, Белорусија - Андора и Хрватска – Украина.
Група 7 - Литванија - Романија и Србија - Австрија
Група 8 - Бугарија - Р. Ирска и Кипар - Црна Гора
XS
SM
MD
LG