Достапни линкови

Добар почеток, но потребни се конкретни чекори


Пораката за нов почеток во односите меѓу Соединетите држави и муслиманите што Барак Обама ја даде во неговиот говор во Каиро главно позитивно е примена во исламскиот свет.

Добар старт и важен чекор напред на новата американска политика на Блискиот Исток, е оценката од кабинетот на палестинскиот претседател Махмуд Абас. Притоа се цитира барањето на Обама за запирање на израелското населување на палестинските територии, како и пораката дека мирот во регионот е можен само формирање Палестинска држава. За Јоши Шаин од Универзитетот во Тел Авив пак, говорот на Обама бил избалансиран во врска иднината на палестинците и на израелците. Важно беше дека Обама на муслиманите им говореше за историјата на антисемитизмот и за правото на Израел да постои. Но, во Либан, адвокатот на Хезболах, Хасан Фадулах ги оцени пораките на Обама за моралистички и политички лекции со никаква важност за исламскиот свет. Она што е потребно е фундаментална промена на американската политика, почнувајќи со целосно запирање на поддршката на Израел, вели Фадулах. Со слична оценка е и палестинскиот Хамас.

,,Доколку Обамината администрација им стави крај на стратегиите на бушовата и на претходните администрации кои тотално го поддржуваа Израел и покренаа војни во Ирак, Сомалија, Авганистан, сега и во Пакистан, тоа може да биде добар почеток.,,

Вели Исан ел Ериан, лидер на Муслиманското братство во Египет. За генералниот секретар на Арапската лига Амр Муса, време е зборовите за добри односи да бидат поткрепени со конкретна акција.

,,Имаме големи очекувања и верувам дека тој ќе ги исполни. Тоа е и неговата визија за тоа како го гледа светот. Верувам дека сега ќе почнеме да ги спроведуваме нашите заложби.,,
Важно е тоа што Обама сака промени. Дали до нив ќе дојде тоа е друга приказна..

И додека претставници на ирачката влада, оценуваат дека говорот на Обама е од историско значење, анлитичарот Хазим ал Нуаими, од Универзитетот во Багдад вели дека американскиот претседател не им понудил ништо ново на ирачаните. ,,Тој се обидува да се дистанцира од сето она што се случува во Ирак,, оценува Нуаими. Радио Слободен Авганистан пак, ја пренесува оценката на еден жител на авганистанската провинција Хелманд кој вели:

,,Токму сега сум во Над е Али во Хелманд. Авиони летаат врз нас и не бомардираат. Затоа мора да прашам каква корист имаме од слаткиот говор на Обама и неговата стратегија.,,

Вели Бавари кој додава дека Обама може да направи пресврт само доколку сето она што го троши за војната во Авганистан го дава за градење на мирот во таа земја. Иглал Ибрахимоглу, имам на џамијата во Баку, Азербајџан оценува дека од голема значење е пораката на Обама за важноста на исламот во светот. Сепак, како што вели, треба тоа да го покаже и на дело.

,,Пред извесно време многумина се сомневаа дека би имало некој Обама и некакви промени. Тој е тука. Но, за жал не гледаме конкретни чекори. Само зборови, гестови, теории. Сепак, важно е што Обама сака промени. Дали до нив ќе дојде тоа е друга приказна.,,
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG