Достапни линкови

logo-print

Пратенички „пазар“


Собраниска сала

Собраниска сала

Македонските парламентарци често ги менуваат „партиските бои“. Според некои политичари, со пари се купуваат пратеници. Според експертите, пратеничките трансфери мора да запрат, инаку пратеничкиот мандат губи смисла

Примерот на пратеничката група на ДПА, која остана преполовена со само 5 од вкупно11 пратеници, повторнао ја актуализираше темата за трансфер на пратеници од една во друга партија. Промената на политичката опција не е карактеристична само за овој
Сосема е јасно и се согласувам со тезата дека во Македонија избори не се добиваат, туку се купуваат. Ако имате пари, ќе си купите пратеници, ако имате многу пари ќе си купите избори
парламентарен состав, така било и во претходните, но мора еднаш да запре велат политичарите. Се прават трансфери во кои пратениците од една опција преминуваат во друга ,но се прават и коалиции во кои членуваат партии со различна политичка ориентација. Пратеникот Тито Петковски вели дека со промена на партиските бои, пратениците ги изневеруваат луѓето кои гласале за нив, но изборниот систем кој е чисто пропорционален го укинува односот граѓанин-пратеник и ги фаворизира партиските елити.

„Единствена идеологија на политичките партии е желба да се биде во власта, бидејќи власта пружа се, опозицијата губи се. И сосема е јасно и се согласувам со тезата дека во Македонија избори не се добиваат, туку се купуваат. Ако имате пари, ќе си купите пратеници, ако имате многу пари ќе си купите избори.“

Граѓани во македонското Собрание
Стојан Андов кој е дел од сите парламентарни состави, вели дека тренсферот на пратеници го одразува моралното ниво на кое се наоѓаат партиите.

„Немаме атмосфера на одговорност и на минимален степен на чесност во партиите за да може да се суди само на поединците.“
Или комбиниран систем, мнозински со пропорционален или да се оди само на мнозински систем, па колку чини чини, инаку на овој начин веќе се губи смисла на пратеничкиот мандат


Поранешниот пратеник Хисен Рамадани вели дека сега нема дефинирани политички идеологии и затоа сите парти личат една на друга.
„Објективно кај нас освен борба за власт малку останува простор за профилирање кое ќе значи дека некоја партија има вистинска физиономија.“

Професорот Саво Климовски, кој беше и собраниски спикер вели дека треба да се донесе законско решение со кое ќе се спречи пратеничкиот трансфер , со што би се спречило изневерувањето на волјата на гласачите.

„Или комбиниран систем, мнозински со пропорционален или да се оди само на мнозински систем, па колку чини чини, инаку на овој начин веќе се губи смисла на пратеничкиот мандат.“

Од претходните состави на парламентот најзапаметени ќе останат примерите кога ВМРО-Народна и Демократска Алтернатива кои останаа без пратеници. Одлевање на пратеници имало и од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ЛДП и ДУИ.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG