Достапни линкови

Пропусти во законот за внатрешни работи


Припадници на МВР

Припадници на МВР

Според активистите за човекови права и експертите има низа пропусти во предлог законот за внатрешни работи. Најмногу реакции предизвикува контролата на Управата за безбедност и контраразузнавање

Активистите за човекови права наоѓаат низа пропусти во предлог-законот за внатрешни работи. Професор Мирјана Најчевска забележува дека, во законот, остсуствува надворешна контрола на работата на полицијата, се проширува кругот на луѓе што може да употребуваат средства за присила, вработен во МВР може да стане човек што извршил тешки кривични дела, вработувањето може да биде без оглас, а за насилничко однесување на полицаецот може да му се изрече дисциплинска мерка за полесна повреда
За сега, нема друг систем на цивилна контрола измислен во Европа, во ЕУ, од оној кој е присутен
на дисциплината, вели таа.

„Ова е многу интересно ако се земе предвид дека и обичниот граѓанин доколку направи ваков вид насилничко однесување ќе биде прекршочно казнет прекршочно со минимум глоба од 200 до 900 евра. Полицаецот доколку е насилник и предизвикува неред, може да се помине само со полесна повреда на дисциплината.“

Се чини дека најмногу реакции во јавноста предизвика контролата на Управата за безбедност и контраразузнавање. ОБСЕ предупреди дека со овие решенија, Управата се става над законот, а правните експерти предупредуваат дека нема цивилна контрола над контраразузнавањето и ваквата поставеност на Управата остава можност за кршење на човековите права.

Припадници на специјалните сили на МВР
Поранешниот министер за внатрешни работи Павле Трајанов вели дека е отворен за предлози и сугестии, во насока на подобрување на
Вака како што е во основа испаѓа дека го задржува стариот модел врз којшто функционираше. Она што светот го има поставено на многу поинакви основи во поглед на разузнавањето во една држава
законот и најавува дека ако понудените решенијата се добри тој ќе ги предложи како амандмани во собраниската расправа за законот. Не постои подобар начин за цивилна контрола над Управата за безбедност и контраразузнавање. Со овој закон, само се потврдуваат истите законски решенија и надлежности предвидени и до сега, вели Трајанов.

„За сега, нема друг систем на цивилна контрола измислен во Европа, во ЕУ, од оној кој е присутен. Ако има таква идеја која може да се примени кај нас, а е веќе присутна некаде во другите држави и тоа може да се предвиди како нов систем на цивилна контрола врз работата на МВР во целина и посебно Управата за безбедност и контраразузнавање.“

Професор Звонимир Јанкуловски вели дека проблемот е токму во тоа што во законот се потврдуваат старите овластувања на контраразузнавањето.

„Вака како што е во основа испаѓа дека го задржува стариот модел врз којшто функционираше. Она што светот го има поставено на многу поинакви основи во поглед на разузнавањето во една држава.“

Експертите, најмногу, реагираат на законската формулација „заштита и други активности насочени кон загрозување или насилно уривање на демократските институции“. Според правниците, оваа преопшта формулација и дава речиси одврзани раце на полицијата да ја нарушува приватноста на граѓаните.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG