Достапни линкови

Средба Обама - Меркел во Дрезден


Американскиот претседател Барак Обама денеска во Дрезден имаше средба со германската канцеларка Ангела Меркел. На заедничката прес конференција Обама и Меркел изјавија дека на разговорите станало збор за светската финансиска криза, за ситуацијата на Блискиот Исток, како и за односите со Русија и со Иран. Предвидено е Обама да го посети и поранешниот нацистички концентрационен логор Бухенвалд. Од Германија, Обама ќе отпатува во Франција, на одбележувањето на 65-годишнината од денот Де во Нормандија.
XS
SM
MD
LG