Достапни линкови

Обама во Германија


Американскиот претседател Барак Обама од синоќа престојува во германскиот град Дрезден, каде што денеска ќе се сретне со канцеларката Ангела Меркел. Подоцна тие ќе го обиколат градот, кој беше речиси целосно уништен во сојузничкото бомбардирање во 1945-та година. Обама потоа ќе го посети некогашниот нацистички логор Бухенвалд, во кој во Втората светска војна биле убиени 56 илјади луѓе. Американскиот претседател вечер ќе отпатува за Франција, каде што ќе учествува во одбележувањето на 65- годишнината од истоварувањето на сојузниците во Нормандија.
XS
SM
MD
LG