Достапни линкови

Светските лидери го поздравија говорот на Обама


Светските лидери лидери го поздравија говорот на американскиот Претседател Барак Обама. Израелската Влада соопшти дека го дели оптимизмот на Обама за мир помеѓу Израел и арапскиот свет. Високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Хавиер Солана го опиша говорот на американскиот претседател како „извонреден“ додавајки дека можно е отворање на ново поглавје во односите со арапскиот и муслиманскиот свет. Шефот на Арапската Лига Амр Муса рече дека говорот бил „избалансиран“ и отворил пат за добри односи.
XS
SM
MD
LG