Достапни линкови

САД додели пет милиони долари помош за Србија


Американскиот државен секретар Хилари Клинтон позитивно ја оцени соработката на Србија со Меѓународниот трибунал за воени злосторства во поранешна Југословија, со што се исполнети условите за продолжување на финансиската помош од САД за Србија, изјави денеска американскиот амбасадор во Белград, Камерон Мантер. Во соопштението на Амбасадта на САД во Белград се наведува дека Стејт департментот и доделил дополнителни пет милиони долари на Србија поради добрата соработка со Хашкиот трибунал. САД годинава доделија 44 милиони долари помош на српските власти.
XS
SM
MD
LG