Достапни линкови

НОВ ПОЧЕТОК


Барак Обама, Универзитет во Каиро 04.06.09

Барак Обама, Универзитет во Каиро 04.06.09

,,Дојдов тука во Каиро да побарам нов почеток меѓу Соединетите Држави и муслиманите во светот, врз основа на заеднички интереси и заемно разбирање. Базиран врз вистината дека Америка и Исламот не се исклучуваат туку делат заеднички принципи на правда и прогрес, на толеранција и достоинство на сите човечки суштества,,.

изјави американскиот претседател Барак Обама во говорот на Универзитетот во Каиро. Тој оцени дека милитантните екстремисти ги користеле тензиите меѓу Западот и Муслиманскиот свет, додавајки дека Исламот не е дел од проблемот, туку дел од промовирањето на мирот. Во врска со израелско – палестинскиот конфликт, Обама рече дека Соединетите Држави подржуваат формирање палестинска држава.
Палестинец во својот дом во Палестина го слуша говорот на Обама

,,Израел мора да го признае, како што не може да се негира и нивното право, не може да се негира ниту правото на палестинците. Соединетите Држави не ја прифаат легалноста на израелските населби. Изградбата ги нарушува претходните преговори,,.

Обама исто така ги осуди негирањата на жрвтвите на Холокаустот кои ја имаат целта да не се постигне мир на Блискиот исток. За кризата со иранската нуклеарна програма, Обама истакна дека не станува збор само за заштита на американските интереси, туку за опасноста од разгорување на трка по нуклеарно оружје на Блискиот Исток. Иран има право на мирна нуклеарна програма, но истата треба да се регулира со меѓународни договори.

,,Има многу прашања кои треба да бидат разгледани меѓу двете земји, и волни сме да продолжиме напред без предуслови и врз основа назаемно почитување. Но кога станува збор за нуклеарното оружје тогаш дојдени сме до клучната точка, Тука не станува збор за американските интереси, туку за превенција од нуклеарна трка која може да биде многу опасна,,.


Соединетите Држави извлекоа поука од војната во Ирак дека е потребно да се користи дипломатијата и да се бара консензус за решавање на проблемите.
Дел од публиката во Универзитетот во Каиро

,,И покрај тоа што верувам дека на ирачаните им е подобро без тиранијата на Садам Хусеин, јас исто така верувам дека настаните во Ирак ја потсетуваат Америка дека треба да користи дипломатија и гради меѓународен консензус при решавање на проблемите кога е тоа можно,,.

Да биде јасно, порача Обама, Соединетите Држави нема да ја задржат својата војска во Авганистан. Ние не сакаме воени бази.

“Ние исто така занаеме дека воената моќ нема самата да ги реши проблемите во Авганистан и Пакистан. Затоа планираме да инвестираме една ипол милијарда долари секоја година во следниве 5 години за изградба на училишта, болници патишта бизниси”.

Порача во говорот американскиот претседател Барак Обама.
Obama in Egypt
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG