Достапни линкови

logo-print

Обама повика на нов почеток на односите на САД со муслиманскиот свет


Американскиот претседател Барак Обама повика на нов почеток во односите меѓу Соединетите Држави и муслиманскиот свет. Во говорот на Универзитетот во Каиро, Обама истакна дека Америка и Исламот не се противници и оти меѓусебните односи треба да бидат засновани врз заедничките интереси и меѓусебен респект. Тој оцени дека милитантните екстремисти ги користеле тензиите меѓу Западот и Муслиманскиот свет, додавајки дека Исламот не е дел од проблемот, туку дел од промовирањето на мирот. Во врска со израелско – палестинскиот конфликт, Обама рече дека Соединетите Држави подржуваат формирање палестинска држава. За кризата со иранската нуклеарна програма, Обама истакна дека не станува збор само за заштита на американските интереси, туку за опасност од разгорување на трка по нуклеарно оружје на Блискиот Исток. Соединетите Држави извлекоа поука од војната во Ирак дека е потребно да се користи дипломатијата и да се бара консензус за решавање на проблемите, рече Обама во говорот во Каиро.
XS
SM
MD
LG