Достапни линкови

logo-print

Нема интензивирање на преговорите за името


Претседателот Ѓорге Иванов и Премиерот Никола Груевски

Претседателот Ѓорге Иванов и Премиерот Никола Груевски

Иако по изборите за Европскиот Парламент се најавуваше, сепак засега не се предвидува интензивирање на преговорите за името. Од македонска страна нема потреба за изјаснување пред да се има нови предлози, вели Димитар Мирчев, советник на претседателот Иванов.

Иако по изборите за Европскиот Парламент кои започнаа денеска во земјите членки на Унијата, се очекува повторно активирање на преговорите за решавање на спорот за името кои беа во еден подолг период на мирување, ниту експертите ниту државниот врв не најавува нивно значајно интензивирање. Само надеж дека во овој тивок период за преговорите посредникот Метју Нимиц работел на
Така што од наша страна, за интензивирање некакво, нема потреба
нови предлози кои би биле прифатливи за двете страни во преговорите.

,,Така што од наша страна, за интензивирање некакво, нема ниту потреба, ниту основа за сегашно изјаснување пред да се имаат нови предлози."

Вели Димитар Мирчев советник во кабинетот на новиот претседател на државата Ѓорге Иванов. Премиерот и
Премиерот Никола Груевски и претседателот Ѓорге Иванов
Претседателот одржаааиницијална консулстативна средба за ова прашање од која јавноста беше исклучително скромно информирана. Политичкиот аналитичар Владимир Мисев на ова додава дека новиот претседател речиси еден месец по стапувањето на својата функција веќе треба да излезе во јавноста со својот став, претходно искомунициран со останатите надлежни
Eдна од придобивките што беа најавени по добивањето на мандатот на Ѓорге Иванов беше дека претседателот и премиерот ќе имаат координиран став
институции.

,,Затоа што една од придобивките што беа најавени по добивањето на мандатот на Ѓорге Иванов за претседател на државата, беше дека ќе имаат претседателот и премиерот координиран став. Така што очекувам таквиот став да и се каже на јавноста, затоа сметам дека треба да интензивираат овие средби и секако претседателот на државата да излезе со мислење за проблемот."

Вели Мисев. Во меѓувреме, грчката страна не претстанува да ги повторува јавно и категорично своите познати ставови. Грчкиот премиер Костас Караманлис во предизборието во Грција повтори, нерешенотот прашање за името ќе биде пречка за Македонија за членство во ЕУ и НАТО, треба да се најде географска одредница, но за севкупна употреба. Македонија својот разумен компромис со кој може се формулира сегашната македонска позиција треба да го бара меѓу тие две точки, додава Мисев што би значело секојс страна по нешто да добие и нешто да изгуби. Во крајна линија како што вели, и по изборите за европскиот парламент клучна улога во постигнувањето значаен напредок во преговорите би имал притисокот од меѓунариодната заедница.
XS
SM
MD
LG