Достапни линкови

Ричард Холбрук бара помош за бегалците во Пакистан


Американскиот специјален пратеник Ричард Холбрук ургираше до европските и до муслиманските држави да им помогнат на загрозените семејства на бегалците од пакистанската долина Сват зафатена со судири меѓу армијата и талибанските милитанти. Се оценува дека околу 2,4 милиони луѓе се раселени по едно месечната владина офанзива. Соединетите држави на Пакистан му доделија дополнителни 200 милони долари на веке дадените 110 помош за раселените. Обединетите Нации бараат 543 милиони долари, но соопштија дека досега се собрани многу помалку. Холбрук денеска посети камп за бегалци северо западно од Исламабад.
XS
SM
MD
LG