Достапни линкови

Ситуацијата на Балканот - тема на состанокот на Процесот на соработка


Во Кишињев, Молдова денеска и утре се одржува состанок на министри и Самитот на шефови на Влади на земјите членки на Процесот за соработка на Југоисточна Европа. Тема на министерскиот состанок е улогата на Процесот во јакнењето на регионалната соработка и интензивирање на соработката меѓу земјите на политичко ниво во сферите од заеднички интерес. На состанокот учествува и Министерот за надворешни работи на Република Македонија Антонио Милошоски. На Самитот утре ќе биде разгледана ситуацијата во регионот и ќе биде усвоена и заедничката деклерација на шефовите на држави и влади на Процесот за соработка на Југоисточна Европа.
XS
SM
MD
LG