Достапни линкови

Партнерски односи со Блискиот Исток


Претседателите Обама и Мубарак

Претседателите Обама и Мубарак

Денешната посета на американскиот Претседател Барак Обама на Египет започна со разговорите со Египетскиот Претседател Хосни Мубарак во Каиро.

Ние разговаравме за ситуацијата со Израел и Палестинците. Разговаравме како,да ги придвижиме на конструктивен начин работите кон мирот и просперитетот за сите луже во регионот.

Изјави американскиот претседател Барак Обама. Неговата порака е дека Америка е готова на партнерска соработка со земјите од Блискиот исток.

Јас му нагласив на Претседателот Мубарак дека Америка е посветена да работи партнерски со земјите на регионот со цел сите луѓе да ги остварат своите аспирации.
Америка партнерски ке работи со земјите од регионот на Блискиот Исток


Арапско израелскиот конфликт е клучен елемент од говорот на Претседателот Обама во кој е вклучено и американкото инволвирање во Авганистан, Пакистан и Ирак , велат советниците на Белата Куќа. Американскиот Претседател Барак Обама ке се обрати и во врска со напорите да се ангажира Иран во процесот на неширење на нуклеарното оружје. Иранскиот врховен лидер Ајатолахот Али Камнеи изјави дека Соединетите Држави се длабоко омразени на Блискиот Исток и дека тоа не може да биде надминато со слогани. Пред посетата на Обама на регионот со нова аудио снимка се огласи и лидерот на Ал Каеда Осама Бин Ладен, кој го обвини американскиот претседател дека го посадува семето на омразата. Барак Обама во Египет пристигна од Саудиска Арабија каде што се состана со кралот Абдула со кого разговараше за арапско израелскиот конфликт.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG