Достапни линкови

Нови напади врз полицијата во Атина


Околу десетина луѓе до качулки и кациги синоќа со молотови коктели нападнаа полициска станица во Атина. При тоа, како што јавуваат новинските агенции, неколку возила биле целосно уништени и оштетени. Полицајците од станицата стрелале во воздух, за да ги исплашат напаѓачите. Од пред извесно време нападите во Грција се насочени врз објекти на полицијата. Се претпоставува дека тие се дело на анархисти или на крајно левичарски групи.
XS
SM
MD
LG