Достапни линкови

Продожува расправата за ребалансот на буџетот


Собранието на Република Македонија во рамките на 59-тата седница денеска ќе ја продолжи расправата за предлог Ребалансот на Буџетот за 2009-та година. Во текот на вчерашната расправа, пратениците од опозицијата генерално изнесоа ставови дека Ребалансот е задоцнет, нашминкан и нема да помогне за ублажување на последиците од економската криза. Пратениците од власта, пак, обвинија дека опозицијата се однесува неконструктивно а Владата пристапува сериозно спрема економската криза и оти дел од досегашните мерки дале резултати.
XS
SM
MD
LG