Достапни линкови

Ќе се бара нова помош за раселените од Пакистан


Американскиот специјален пратеник во Авганистан и Пакистан, Ричард Холбрук изјави дека САД ќе бара дополнителни 200 милиони американски долари за помош на пакистанците кои беа раселени поради воената офанзива против талибанските милитанти. Холбрук денеска одржа заедничка прес конференција со претседателот на Пакистан Асиф Али Зардари во Исламбад. Околу 2,5 милиони луѓе се иселени од долината Свот во Пакистан по минатомесечната владина офанзива против талибанските милитанти.
XS
SM
MD
LG