Достапни линкови

Спорт ДА - Дрога НЕ!


Фудбалски натпревар меѓу млади

Фудбалски натпревар меѓу млади

Во Куманово се имплементира програма насловена како ,,Спорт да - Дрога не" која има за цел промоција на здравиот начин на живот меѓу младата популација. Со програмата се предвидува едукација за заштита на младите од дрогата, насилството и други ризик фактори.

За заштита на младата популација од секаков вид насилство, како и од последиците од зависноста од дрогата во Куманово се одвиваат програмски активности во кои се вклучени не само младите, нивните родители и наставници,туку и претставници од здравството, полицијата и локалната администрација. Координативното тело за заштита на децата од злоупотреба и насилство во својата стратегија ги опфаќа и запоставувањето на децата, физичкото и емоционалното насилство како меѓу нив самите, така и од страна на нивните родители
Програмата содржи активности за превенирање на насилството меѓу младите
и оние кои што работат со нив. Психологот Надица Петровска за програмата објаснува:

,,Програмата содржи активности за превенирање на насилството меѓу младите, во семејството, на улица, во училиште, секаде каде што се собираат младите, како и едукација на родителите и наставниците, за отстранување на ризик факторите. Таа е за подобрување на условите на живеење и намалување на девијантните однесувања."

За насочување на младите од Куманово кон здрав живот преку програмата на ОБСЕ во која се вклучени и полицијата и образовните институции насловена „Спорт да - дрога не“ по одржаните предавања, во тек се спортските активности. Тие се одвиваат на повеќе училишни спортски игралишта. Од одделот за превенција при СВР Куманово велат дека:

,,Активностите со теоретскиот дел за укажување на последиците од злоупотреба на дрогата се завршени, а сега е спортскиот дел."

Основното училиште „Толи Зордумис“ преку оваа програма го промовира и новоизграденото спортско игралиште на над 500 квадрати за што се вложени околу 300 илјади денари од ребалансот на општинскиот буџет.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG