Достапни линкови

Ниски цени за повеќе туристи


Охридско езеро
Охридско езеро

Летната туристичка сезона е на прагот, а во време на економска криза најважно е да се понудат пониски цени за да се привлечат посетителите, велат туристичките работници. Поради пристапните цени во соседните земји, македонците одлучуваат да летуваат на друго место, а не во домашните туристички центри.

Како ќе се одрази светската економска криза врз домашниот туризам? Како во нашата земја летниот одмор да го поминат странските туристи, но и да се задржат домашните? Туристичките работници велат за да се привлечат туристите посебно во време на криза, најважно е да се понудат пониски цени за летување од земјите во регионот. Дури и Македонците наместо во својата земја ќе летуваат најмногу во соседните, бидејќи цените се индентични и нудат подобри аранжмани вели потпретседателот на Стопанската Комора за туризам Александар Чоневски

,,Треба самите да сватиме дека она што се вели ,,празен кревет" е секогаш ,,најскап кревет". Значи многу е подобро некогаш да се намали цената за ноќевање, да имаме 100 плодни денови по пониска цена, отколку да чекаме да дојде некој странец или ние да останеме дома."

Цените за прстој во некои од хотелите низ земјава веќе се намалени, вели претседателот на асоцијацијата на хотелиери Дончо Таневски.
Треба самите да сватиме дека она што се вели ,,празен кревет" е секогаш ,,најскап кревет"


,,Цените ги намаливме оваа година од 5 до 15% во зависност од тоа кој хотел какви цени имал дадено. Ние како стопански субјекти го дадовме максимумот, до таму до каде што економски беше оправдано."

Проблем е и недостигот на комуникација помеѓу туристичките работници и сопствениците на сместувачките капацитети, па затоа агенциите продаваат само аранжмани за во земјите од регионот вели Чоневски.

,,Треба да се направи една заедничка стратегија, со која туристичките агенции би имале повеќе интерес да ја продаваат Македонија, отколку Грција, Турција и слично. Мислам дека, дали е тоа за жал или за среќа, тур операторите имаат многу поголем бенефит доколку продаваат аранжмани во странство."

Агенцијата за промоција и подршка на туризмот во Македонија еден месец ќе ја рекламира туристичката понуда на земјава во Словенија, Србија Бугарија и Албанија. Поради економската криза потребен е поголем маркетинг, за да дојдат што повеќе туристи во земјава вели претседателот на асоцијацијата Зоран Стерзоски.

,,Во ова време на економска криза, треба да го зголемиме маркетингот кај соседните земји, затоа што се предвидува дека ќе се одлучат за пократко патување, значи се со цел да привлечеме што повеќе туристи."

Како и во другите земји па така и во Македонија се очекува за разлика од лани бројот на посетители за време на летните одмори да се намали до десет проценти.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG