Достапни линкови

„Фершпед“ жртва на политиката?


Зградата на „Фершпед“
Зградата на „Фершпед“

За Царинската управа одземањето на лиценцата на „Фершпед“ е спроведување на законите. За опозицијата, политичка пресметка со неистомислениците. Според аналитичарите, требало да се бара поблаго решение

Власта ја продолжува политичката пресметка со неистомислениците, обвинува опозицијата, откако Царинската управа, вчера, донесе одлука со која и го одзеде одобрението за вршење на шпедитерската дејност на најмоќната шпедиција во земјава “Фершпед“. Тоа значи дека компанијата го губи правото на шпедиција и застапување на други фирми во постапката на царинење.
Пратеникот Владо Бучковски од СДСМ не се сомнева дека станува збор за политичка пресметка со Фершпед. Впрочем, тоа е стилот на
Прво не се работи за настани, туку за примена на закон. Царинската управа не можеше да влијае на менување на состојбата, бидејќи за тоа е другата страна надлежна
владеење на оваа влада, обвинува Бучковски.

„Имајќи предвид како се однесуваше власта кон Фершпед во случајот со државната лотарија, каков беше односот на јавното правобранителство во случајот за приватизацијата и целата фама која се создаде во изминатите три години, мислам дека ова е продолжение на пресметката која една од најуспешните македонски компании ја доведува во крајно неповолна ситуација.“

Од друга страна, директорот на Царинската управа Ванчо Каргов, воопшто, не сака да ги коментира наводите за вмешаност на политиката во случајот со Фершпед. Тој уверува дека Царината, само, го спроведува законот, кој подеднакво важи за сите.

Со оглед дека Фершпед е најголемата шпедициска фирма во земјава, која во буџетот на земјава, годишно, само за основната дејност, според нив, уплаќа над 90 милиони денари, го прашавме Каргов дали можеше да се избегне ваков расплет на настаните.

„Прво не се работи за настани, туку за примена на закон. Царинската управа не можеше да влијае на менување на состојбата, бидејќи за тоа е другата страна надлежна. Значи, Царинската управа не е институцијата која може да избегне или да наметне било какви
Јас не знам предисторијата која е и што е, меѓутоа можело да се најде решение да се реши тоа поблаго бидејќи сепак е реномирана куќа
случувања.“

Професор Марија Заренкова Потевска вели дека, кога се работи за големи и значајни компании, треба да се бара решение во надминување на пропустите. Одземањето на одобрението за работа е последен чекор што треба да се направи, вели таа:

„Јас не знам предисторијата која е и што е, меѓутоа можело да се најде решение да се реши тоа поблаго бидејќи сепак е реномирана куќа.“

Според законот, на една шпедиција може да и се одземе одобрението за вршење на дејноста, ако се утврди дека шпедицијата е “правно лице за кое постои поголем ризик“. Такво правно лице е фирма кој за царински долг, ДДВ или акцизи во последната година должи повеќе од 10 илјади евра во денарска противредност, ако е сторено кривично дело од областа на царинското работење, или ако не се платени придонеси за пензиско или здравствено осигурување.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG